Техно саем во Куманово

Од:

Во средното стручно училиште „Наце Буѓони“ во Куманово денеска се одржа шестото издние на манифестацијата „Технички саем“, на која учениците од повеќе профили презентираа свои изработки пред учениците од основните училишта од Куманово и соседните градови. Присутните имаа можност да разгледаат достигнувања од областа на роботиката, биологијата и машинството.

Саемот, како што информираше директорката на училиштето Лидија Михајловска, се организира во пресрет на Денот на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, со поддршка на Секторот за образование на општина Куманово и бизнис заедницата од градот.

– Предвидена е и заедничка трибина со претставниците од претпртијатија на која ќе се договориме што е потребно да го направиме образованието поуспшено, односно што е тоа што, фирмите и стопанствениците очекуваат од образованието и што е тоа што на нам ни треба како поддршка од бизнис секторот со цел да го направиме тој ланец на добра и успешна соработка и нашите уечници да бидат стручни и компетентни кога ќе излезат од образованието, барајќи работа на пазарот на трудот. Во последно време се спроведува една реформа во Македонија која се нарекува „И учен и стручен“, самото тоа многу кажува за вештните и знаењата што треба да ги поседуваат нашите ученици кога ќе се вклопат во пазарот на трудот, изјави Михајловска.

Нагласи дека учениците можат да се вклопат на пазарот на трудот, единствено ако практичната настава е квалитетна. Според неа, таа најдобро може да се спроведува во приватниот сектор кој располага со опрема и машини, неопходни за изведување на практичната настава во која учениците се стекнуваат со одредени вештини.

Освен бизнис секторот, годинава на саемот учествуваа и претставници на високообразовните институции, ФИНКИ, Електротехничкиот и Машинскиот факултет од Скопје, Универзитетот Гоце Делчев од Штип, како и високообразовната установа Еуроколеџ.

Би можело да ве интересира

Се утврдува причинaтa за смртта на родилката од Куманово, новороденчето e на скопските клиники

Горан Наумовски

31-годишна родилка почина во Општата болница во Куманово

Горан Наумовски

Полицијата уапси кумановец поради предизвикување пожар

Изгаснат е пожарот во стан од зграда во централното градско подрачје во Куманово

ВИДЕО: Невреме во Куманово, делови без струја, паднати покриви, одрони

МВР трага по 18-годишно момче од Куманово

Горан Наумовски