Тече рокот за тужби на партиите до Управниот суд

Од:

Тече 24-часовниот рок за тужби по решенијата на Државната изборна комисија (ДИК). Според најавите, се очекуваше синоќа правната служба на ДИК да ги изготви и да им ги достави на партиите и коалициите решенијата за 13-те приговори на Беса и СДСМ за кои веќе донесе одлука.

ДИК денеска ќе одлучува за последниот приговор на Коалицијата предводена од СДСМ воедно и последен за изборниот процес за предвремените парламентарни избори.

Управниот суд, пак, има рок од 48 часа по примањето на тужбите да одлучува по нив. Одлуката треба во рок од 24 часа треба да ја објави на веб-страната. 

По тужбите Управниот суд одлучува во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка, на јавна седница за која ја информира јавноста и овластените претставници по чии тужби се одлучува. Објавените одлуки на веб-страната на ДИК, како што е наведено во Роковникот на Комисијата, ќе го содржат и начинот на гласање на секој судија поединечно. 

Седницата на ДИК започна пред два дена така што предвидените рокови во Роковникот за изборите се пролонгирани. Според тоа, конечните резултати би можело да бидат објавени најдоцна на 21 декември, откако ќе бидат познати одлуките на Управниот суд, и доколку нема прегласување на некое избирачко место. Доколку има прегласување, тоа треба да се одржи на 25 декември. 

Би можело да ве интересира

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември