Тече рокот за пријавување за парична помош за новороденчиња родени лани во Аеродром

Од:

Општина Аеродром ги потсетува семејствата што добиле принова минатата година дека рокот за доделување еднократна парична помош за новороденчето истекува на 31 март 2017 година.

Еднократната парична помош, се наведува во соопштението, се доделува врз основа на поднесено барање од страна на семејствата до Општина Аеродром со уредно приложена документација, која ќе го потврди раѓањето на новиот член во семејството и живеалиштето на подрачјето на Општина Аеродром.

Право на еднократна парична помош за новороденче имаат родителите, чија адреса на живеење е во Општина Аеродром, а потребни документи што треба да се достават на увид се: извод од матичната книга на венчаните (за родителите на новороденчето), извод од матичната книга на родените (за новороденчето), важечки лични карти/други исправи од двајцата родители за идентификација од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром (или една доколку имаме самохран родител и дополнителна изјава), копија од трансакциска сметка, барање за еднократна парична помош (кое се добива во соба број 19 во Општина Аеродром или на нашата интернет страница (www.aerodrom.gov.mk).

Документите може да се достават секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот најдоцна до 31.3.2017 година за деца родени минатата, 2016, година.

Со помошта од 5.000 денари за секое новороденче Општина Аеродром има за цел барем малку да им помогне на младите родители, како и да им испрати јасна порака дека Општината се грижи за своите најмлади жители, стои во соопштението од Општината.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

(ВИДЕО) Митевски: Не планирам изградба на монтажни гаражи во Аеродром

(ВИДЕО) Трајановски: Имаме конкретни приоритети за Лисиче, визија за похуман и безбеден Аеродром

Мицкоски: На 2 ноември потребна е мобилизација и секој еден глас

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени