Театар во судницата: Боки и’ рече на Вилма да не вика, а на Камчев дека во „Систина“ не се успешни операциите

Од:

Присутните од јавноста во судницата на рочиштето за случајот „Рекет“ почнаа да се смејат кога обвинетиот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски почна да го испрашува сведокот Орце Камчев.

На прашање кој ја иницирал средбата меѓу Зоран Милевски, него и Орце Камчев, сведокот рече Милевски и Јовановски. „Бојан Јовановски и Зоран Милевски“, рече отсечно Камчев.

На следното прашање на обвинетиот за каква одлука на СЈО разговарале при таа средба, Камчев на Јовановски му рече: “Не си ти адвокат од тебе да барам совет”.

Обвинетиот Бојан Јовановски реагираше дека сведокот Јордан Камчев не му персира кога одговара на прашањата, како што тоа го прави самиот, обраќајќи му се на „вие“. Судијката рече дека ова не е театар и побара да се почитува редот во судницата.

Камчев кажа дека му бил „фејк“ проектот за франшизите за кој се среќавале со обвинетиот и дека Јовановски сакал преку тие проекти да го рекетира.

Сведокот во исказот рече дека на средба со директорка откај него, Боки рекол дека за сума од 40, 50 илјади евра не се буди. Јовановски рече дека имал право како директор на телевизија да бара колку што смета дека е потребно.

„Не ги вршите успешно операциите”, му рече обвинетиот Јовановски на Камчев.

Обвинителката Русковска внимателно ги слушаше прашањата на Јовановски

Обвинителката Русковска вложи приговор на прашањето на обвинетиот, а Јовановски и’ рече на шефицата на Обвинитеслтвото: „Не ми се дерете”, алудирајќи на тоа дека се обраќа со висок тон.

За снимањето во неговиот дом, Камчев рече дека бил и сценарист и глумец и се консултирал со пријатели од Бугарија кои на сличен начин биле рекетирани.

Боки 13 го праша Камчев да ги каже пријателите кои му помогнале со снимањето, а Камчев посочи само едно име. Јовановски потоа го праша што друго имало во торбата „Луј Витон“,  а сведокот рече дека освен еден милион евра имало само весници. Потоа следуваше пауза.

Во предметот „Рекет“ обвинети се ексшефицата на СЈО, Катица Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување и Бојан Јовановски за две кривични дела: примање награда за противзаконско влијание и за перење пари и други приноси од казниво дело.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог