ТАВ Македонија: Состојбата со маглата се следи и сите промени се објавуваат на веб порталот

Од:

Поради густата магла во скопскиот регион денеска дел од авиокомпаниите, чии авиони слетуваат и полетуваат од аеродромот „Александар Велики“, ги откажаа или ги пренасочија своите летови кон други аеродроми, додека одреден број летови се одложени, информираат од ТАВ Македонија.

Од компанијата наведуваат дека временските услови ги следат постојано и сите евентуални промени ќе ги објават на веб-порталот на аеродромот „Александар Велики“.

Им порачуваат на патниците да ја прегледуваат интернет -страницата http://skp.airports.com.mk каде што се објавуваат последните информации за состојбата на летовите или, пак, да стапат во контакт со авиокомпаниите кои одлучуваат за одложување или за откажување на летовите.

Би можело да ве интересира

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Британски авиони соборуваат евтини ирански дронови со скапи ракети

(ВИДЕО) Соборени американски воени авиони, снимка и од пилот кој е фатен

Горан Наумовски

Николоски: 23 нови линии, целта е над 4 милиони патници

Горан Наумовски

Речиси 450 летови откажани или одложени на аеродромот Шипхол поради снег и ветер

Јапонија одбива вина: Неосновани се тврдењата на Кина за инциденти за време на воени маневри