А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Татко осомничен за малтретирање на 14-годишна ќерка​: Користел каиш за воспитување, се обидел да ја прободе со нож

by А1он07/04/2023 - 11:132254
Share0

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 45 – годишен државјанин на Босна и Херцеговина со привремен престој во Скопје за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Запуштање и малтретирање дете од член 201 став 1 од Кривичниот законик.

Добивај вести на вибер

– Во периодот од септември 2022 до 28 март годинава, со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување, осомничениот ја запуштил и ја малтретирал сопствената ќерка. Како татко и единствен родител со кој живеело детето родено во 2008 година, тој редовно патувајќи во странство ја оставал својата ќерка сама, без соодветна родителска грижа и без обезбедена храна и хигиена во домот, соопшти Обвинителството.

„Кога ќе се врател од своите патувања, тој вршел психичко и физичко насилство врз детето, користејќи каиш и удирање како средство за нејзино воспитување, а во една прилика се обидел да ја прободе со нож. Осомничениот ја вработил 14-годишната ќерка во слаткарница за време на викенди, а остварениот приход ѝ го земал за да ги надомести сопствените долгови.

На 22 март девојчето се разболело само дома и не отишло на училиште, а осомничениот и се јавил од странство и ѝ се заканил дека кога ќе се врати ќе ја претепа затоа што отсуствува. Ваквото однесување, кај жртвата прдизвикало постојан страв и стрес, како и чувство на напуштеност и на отсуство на родителска грижа.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, како и особени околности укажуваат на тоа дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците или ќе го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, се додава во соопштението на Обвинителството.​

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ04/03/2026 - 15:1004/03/2026 - 15:10

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен