Татко и син под истрага по откриена импровизирана работилница за оружје во Скопје

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на двајцата осомничени, на улица „Методија Митревски“ во Скопје, беа пронајдени поголемо количество оружје, различна муниција и делови за оружје во импровизирана работилница.

Службата за односи со јавноста при Јавното обвинителство на Република Северна Македонија денеска соопшти дека претрес бил извршен и во викенд куќа на семејството во селото Раштак, каде било пронајдено дополнително количество оружје и муниција.

– За осомничените на возраст од 73 и 46 години, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи постои опасност тие да се дадат во бегство или да го повторат делото, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај