Татко и син од Крушево со пила се заканувале на шумочувари

Од:

Полициски службеници уапсиле татко и син од Крушево затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во ЈП „Македонски шуми“, информира МВР.

– На 14.05.2021 околу 10.30 часот на место викано „Чешма“ во Крушево, полициски службеници од ОВР Крушево ги лишиле од слобода Б.К.(53) и неговиот син В.К.(21), двајцата од Крушево, затоа што со пила и остар предмет се заканувале на шумочувари, вработени во ЈП „Македонски шуми“ – Крушево, при што Б.К. повредил еден од нив, соопштува Министерството за внатрешни работи.

На наведеното место шумочуварите ги затекнале приведените при транспорт на нелегално исечени огревни дрва.

Б.К. и В.К. биле приведени во Полициската станица Крушево и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност