Татко и неговите синови намерно палеле шума и сува трева кај Патишка Река

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело предизвикување општа опасност.

„Тројцата соизвршители, со намера да предизвикаат општа опасност за животот и телото на луѓето или за имот од големи размери, на 9 август предизвикале пожар, полевајќи со запалива течност шумско земјиште покрај локален пат на местото викано Дупки, кај Патишка Река. Со запалка запалиле нискостеблеста шума и суви треви. Опожареното земјиште е во државна сопственост, а постоела опасност пожарот да се прошири на поголемо подрачје нискостеблеста и високостеблеста шума, па дури и да зафати дел од Националниот парк „Јасен”.

Осомничените ги забележал и ги пријавил очевидец, а полициски службеници ги затекнале и кај нив пронашле повеќе литри од запаливата течност која ја користеле за предизвикување на пожарот. Противпожарни екипи интервенирале за да го изгасат пожарот. Бидејќи делото се гони во скратена постапка, по предлог на јавниот обвинител, Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи притвор во траење од по 8 дена.

Би можело да ве интересира

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он

(ВИДЕО) Избувна голем пожар на аеродромот во Дака, меѓународните летови се пренасочени

Изгореа четирицикли на плац во близина на Попова Шапка

Горан Наумовски

Трагедија во Русија: Пожар „проголтa“ цела зграда, има мртви и повредени

(ВИДЕО) Белград: Пожар на покривот на Имо Центар

(ВИДЕО) Тројца загинати во пожар во близина на Милано

А1он