Ташко Дојчинов поднесе оставка на функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија

Од:

Претседателот на Советот на Општина Гевгелија, Ташко Дојчинов, до градоначалникот Сашо Поцков, поднесе оставка на функцијата претседател и член на општинскиот Совет која беше очекувана откако Комисијата за спречување на корупција неодамна му изрече јавна опомена согласно член 79, став 2 од Законот за спречување корупција и судир на интереси.

Постапувајќи по предмети од областа на судир на интереси, Комисијата кај Дојчинов констатирала состојба на судир на интереси поради повреда на член 44 од Законот бидејќи тој покрај функцијата претседател на Советот на Општина Гевгелија, ја извршува и функцијата член на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос.

Веста ја потврдија од општината каде очекуваат на наредната седница советот да ја констатира оставката,да избере нов член на советот од листата на СДСМ и коалицијата и да избере нов претседател на советот на Општина Гевгелија.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно