Таравари за случајот со Ведат Адеми: Предложивме одземање на лиценцата на лекарот што бил на дежурство

Од:

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информираше дека Министерството до Лекарската комора предложило одземање на лиценцата на лекарот што таа вечер бил на дежурство.

– Апсолутно го следиме случајот. Министерството за здравство веќе и предложило на Лекарската комора да му се земе лиценцата на лекарот што бил дежурен таа вечер, рече тој.

Министерот соопшти дека целата документација за случајот и од Судска медицина пред една недела е доставена до Обвинителството.

Кумановското обвинителство веќе отвори предистражна постапка за случајот на 32-годишниот кумановец Ведат Адеми, кој почина на 17 март во градската болница. Адеми ненадејно починал откако примил терапија во болница.

Неговото семејство обвинува дека лекарска грешка е причина за загубениот живот, тврдеа дека му било дадено лек на кој бил алергичен.

Претходно, Таравари го разреши директорот на кумановската болница Стефан Трајановски, кој беше сменет од функцијата откако во извештајот на Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше утврдено дека имало многу пропусти во болницата.

Би можело да ве интересира

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Катерина Ѓуровски