Таравари: ВМРО не ни се допаѓа, Ковачевски не нѐ вика во Влада, а за влез имаме услови

Од:

“Зборувавме за борбата против корупцијата и европскиот пат”. Ова беше објаснувањето на Арбен Таравари, лидерот на Алијанса за Албанците за средбата со премиерот Димитар Ковачевски. Според Таравари се зборувало за прашања поврзани со функционирањето на државата и системот.

“Немаме официјални преговори. Ако почнеме, нема да криеме. Не добивме покана”, кажа Таравари.

Тој смета дека партијата со која раководи е сериозна.

“Ако има преговори, на крај членството ќе утврди дали ќе влеземе во Влада”, рече Таравари.

Тој додаде дека ќе има услови.

“Ќе имаме црвени линии неопходни за влез во Владата. Имаме пакет мерки кој ќе биде услов за влез во Владата”, посочи тој.

Според него ВМРО има лош “вординг”, односно станувала понационалистичка партија од Левица.

“Ние имаме комуникација со сите партии. Имаме и коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Вордингот на ВМРО не ни се допаѓа, ги намалуваат капацитетите за соработка со албански партии. ВМРО се натпреварува со Левица која е понационалистичка партија, што не е добро”, додаде Таравари.

Нему не му се допаѓа ниту работата на Владата СДСМ-ДУИ.

“Ќе продолжиме да критикуваме”, посочи Таравари.

Би можело да ве интересира

АА: Намерно се блокира спроведувањето на Законот за правична и соодветна застапеност во државните и јавните институции

Таравари избра да оди со ДУИ, нека му е со среќа, изјави Меџити

Рамадани поднесе оставка на функцијата Национален координатор за имплементација на нови технологии

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Таравари ја напушта Владата и ќе биде опозиција