Таравари се сретна со интелектуалци за претседателската програма

Од:

Кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари денеска беше на тркалезна маса со академици и експерти од различни области.

На масата со интелектуалците се разговараше за претседателската платформа на кандидатот Арбен Таравари, како и за приоритетите на истата, а на неа присуствуваа еминентни личности како што е д-р.проф. Руфи Османи и уште десетици универзитетски професори, кои покрај конкретни предлози дадоа и силна поддршка на претседателската платформа на Арбен Таравари.

Платформата на кандидатот Арбен Таравари е изградена околу четири главни столба и ќе биде објавена во наредните денови.

„Денеска имав многу важна средба со универзитетска елита, академици и експерти од различни области, за претседателската програма. Наскоро оваа програма, дизајнирана од најдобрите во земјата, ќе биде јавно претставена затоа што го заслужувате најдоброто“, вели Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари ја напушта Владата и ќе биде опозиција

За Мицкоски е неприфатливо ако Таравари се договара со ДУИ

Таравари се радува што „Влен“ се обедини, а Алијанса за Албанците ќе излезеле со нивни сопствени листи на локалните избори

Меџити: „Влен“ станува партија од наредната недела, Таравари се самоисклучи од коалицијата

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија

Меџити: Таравари се самоисклучи од Вреди, самостојниот настап со советнички листи е во корист на ДУИ