Tаравари: Македонија е безбедна земја и нема директна надворешна закана

Од:

Претседателот на Алијансата за Албанците и кандидат за претседател на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари на денешната прес-конференција ја презентираше Претседателската платформа која се заснова на четири столба, Северна Македонија интегрирана во регионот и Европа, Северна Македонија производител на безбедност, правната држава и консензуалната демократија.

„Интеграцијата во Европската Унија е наша неоспорна цел, тоа е нашиот единствен пат кон стабилност и одржлив развој и тоа е мојот највисок приоритет како претседателот. Во регионалната политика ќе се заложам за зголемување и продлабочување на регионалната соработка заснована на нашите вредности, меѓу кои е и Косово како независна, суверена и рамноправна држава. Моите главни цели во оваа област се: ќе барам гаранции од високиот претставник на ЕУ дека по уставните измени нема да има дополнителни барања за Северна Македонија надвор од преговарачката рамка од 2022 година, мандатот за формирање на влада ќе му го доверам на партијата или партиите кои ќе докажат дека имаат мнозинство во Собранието, барајќи од мандатарот временски ограничен план за реализација на уставните измени врз основа на член 121 од Уставот, ќе му предложам на Собранието веднаш Северна Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан“, рече Таравари, додавајќи дека како претседател ќе се заложи и за целосно усогласување на нашата политика со онаа на ЕУ, особено во однос на санкциите на ЕУ против Русија.

За вториот столб, Северна Македонија која произведува безбедност, Таравари рече дека ЕУ, САД и НАТО се незаменливи сојузници, па затоа Северна Македонија е подготвена да игра улога во одржувањето на мирот и безбедноста во светот заедно со сојузниците.

„Северна Македонија е безбедна земја и нема директна надворешна закана. Но, тоа не значи дека Русија не претставува закана. Русија ќе продолжи да поттикнува страв и да создава нестабилност, се додека енергетската ефикасност и ранливост од сајбер нападите остануваат постојана закана за нас. Основниот принцип на кој се заснова мојата стратегија за безбедност е дека Северна Македонија нема да биде само потрошувач на безбедноста, туку и производител на безбедноста ка. Како следен претседател, се обврзувам дека: Северна Македонија ќе обезбеди стабилен повеќегодишен буџет за одбрана на ниво од 2% од бруто домашниот производ, во согласност со критериумите на НАТО, ќе се грижам за дејугословенизација на Армијата и Агенцијата за разузнавање со назначување само на најдокажани професионалци, вклучително и нивните про-западни вредносни системи, ќе помогнам да се стави крај на нашата енергетска зависност од Русија преку олеснување на формулација на државен концепт на енергија . Мојата цел е диверзификација на енергијата на сите нивоа, што е најдобриот начин да се постигне мир и стабилност ќе формирам Работна група за сајбер безбедност која ќе помогне во спречувањето и гонењето на сајбер криминалите“, рече Таравари.

Таравари рече дека најголемиот непријател е корумпираниот судски систем и ја држи земјата во заложништво и ги иселува младите и дека само два отсто од граѓаните веруваат во правосудниот систем.

„Како следен претседател ветувам дека ќе побарам од Собранието донесување на законодавен пакет за целосна реформа на судксиот систем и обвинителството. Овој пакет треба да го содржи законот за ветинг на судиите и обвинителите, реформа на изборниот систем, унапредување и дисциплинирање на судиите и јавните обвинители и целосна дигитализација на судовите, ќе ја терам напред идејата за формирање Комисија за стандарди во јавниот живот, врз основа на искуството на Обединетото Кралство. Ова тело би имало за цел промовирање на етиката и моралот во јавниот живот, како советодавно тело на претседателот и правна држава, ќе се ангажирам за поништување на измените во Кривичниот законик од 2023 година кои беа антиевропски и штетни во борбата против корупцијата со што уште повеќе се зголеми неказнивоста за слуќаи на корупција од високо ниво и како иден претседател на државата, ветувам дека нема да декретирам прогласување на лабави закони кои дополнително ја оддалечуваат земјата од европските норми како што се случувало во минатото“, изјави кандидатот на коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари.

Во однос на четвртиот столб, Таравари нагласи дека земјата има економска, политичка и етичка криза и овие кризи го поларизираа општеството, влијаејќи врз продлабочувањето на поделбите, растот на евроскептицизмот, зајакнувањето на екстремистичките наративи и поткопувањето на либералната и консензуалната демократија.

„Со следните измени на Уставот ќе побарам изборот на претседател да се направи во Владата преку механизмот за двојно мнозинство, за да претседателот биде претставник на народното единство. Доколку ниту еден кандидат не добие ⅔ од гласовите со Бадентер во првите два изборни круга, претседателот ќе биде избран на третото гласање со мнозинство од гласовите на сите пратеници на Собранието и мнозинството од гласовите на пратениците кои се припадници на заедниците кои не се мнозинство, ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредувачката дефиниција за албанскиот како „друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните“ и да албанскиот јазик, според неговото писмо, да биде официјален јазик во целата територија на Републиката на исто ниво со македонскиот јазик, во соработка со граѓанските организации и медиумите, ќе покренам претседателска иницијатива за борба за слобода на медиумите, а особено проруските дезинформации. Руските медиуми и оние кои се финансираат од Русија ќе бидат затворени, внимавајќи постојано на почитување на правото на слободно изразување и информирање“, рече на крајот на елаборацијата кандидатот за претседател Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

„Вреди“ ги претстави носителите на сите шест изборни единици, програмата ќе ја промовираат следната недела

Крилото на Таравари од Алијанса за Албанците ќе ја обжали судската одлука за спорот со печатите на партијата

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука

Таравари се сретна со интелектуалци за претседателската програма

Горан Наумовски