Таравари: Лекувањето е бесплатно и никој нема потреба да собира пари

Од:

Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во другите држави е генерално бесплатно.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со шпекулации дека се собираат пари за лекувањето, тој одговори дека нема потреба за изнесување невистини.

-Генерално во 99 отсто е бесплатно лекувањето и нема потреба никој да собира пари. Така што, нема потреба за шпекулации и за невистини. Ова е вистината која што е објавена пред три-четири дена, не е од сега. Можеби во некоја држава, меѓутоа, генерално 99 проценти од лекувањето во сите држави е бесплатно, рече тој.

Додаде дека Владата обезбедила средства за патување и сместување на по двајца родители или членови на семејство на пациентите во сите држави.

Министерот на денешната прес-конференција по редовниот состанок на кризниот штаб во Министерството за здравство информираше дека бројката на пациенти што се лекуваат во моментов е 162, а денеска 10 од пациентит кои лежат во државата ќе бидат испишани.

Во несреќата што се случи на 16 март во дискотеката „Пулс“ во Кочани загинаа 59 лица а над 150 се повредени

Би можело да ве интересира

Истражување: Третина од преживеаните и повредените од „Пулс“ се соочуваат со анксиозност, депресија и посттрауматско растројство

Судење за „Пулс“: Во општинскиот регистар дискотеката не постоела, уплатите за лиценца ги вршеле „Класик ДМ“ и „ММММ“

Во Кочани откриена биста на Иле Гоцевски, возачот – херој од Итната помош

А1он

Вработена во ДЗС за „Пулс“: Елаборат и процена се клучни за безбедност

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Чибишев: Деновите по пожарот во „Пулс“ беа најтешки во мојата докторска кариера

Горан Наумовски