Таравари: Дваесетина најтешко повредени од пожарот ќе се лекуваат во странство

Од:

Дваесетина најтешко повредени пациенти од пожарот во дискотека во Штип ќе бидат пренесени на лекување во странство, изјави денеска министерот за здравство Арбер Таравари, по посетата на Клиничката болница во Штип.

Според него, пациенти на лекување ќе бидат транспортирани во Бугарија, Турција, Грција и Белград, а третман понудиле и од Албанија и Холандија.

– Според нашите анестезиолози, 18 до 20 пациенти ќе има потреба да ги транспортираме надвор од државата за понатамошно лекување за тие што се покритични. Им оставив на екипата анестезиолози да одредат каде сметаат дека би било најдобро за натамошен третман за покритичните пациенти, рече министерот.

Во Штипската болница биле хоспитализирани 39 деца, кои како што кажа Таравари, се во релативно добра состојба. Генерално биле со изгореници, но имало и со скршеници.

– Доколку има потреба да се пренесуваат до Клинички центар – Скопје, ќе интервенираме, истакна министерот.

Би можело да ве интересира

Протест во Кочани, родителите обвинуваат – „Полицијата не интервенираше навремено“

А1он

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе ја затвориме истрагата за пожарот во Кочани

А1он

ДУИ: Истрагата за пожарот во Кочани станува пример за правна импровизација

А1он

Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани

А1он

Замена на куќниот притвор со мерки за претпазливост за двајцата поранешни директори на ДПИ осомничени за „Пулс“, бара Обвинителството

Катерина Ѓуровски

Села до Таравари: Без доверба и чест нема ниту куќа, ниту врата

А1он