Таравари добил поддршка од 80 од вкупно 133 члена на Собранието на Алијансата за Албанците

Од:

Откако претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари вчера јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, за 24 часа се собрани потписи за поддршка од 80 од вкупно 133 члена колку што брои Собранието на партијата.

– Иницијативата на претседателот Таравари доби поддршка од мнозинството собранија на АА. За 24 часа доброволно се собрани 80 потписи на Собранието од вкупно 133 колку што брои Собранието. Поголемиот дел од Собранието на Алијансата за Албанците е јасно за сигурна промена. Претседателот Таравари повикува на мудрост, зрелост и единство, за ДУИ конечно да биде испратена во опозициа. Промената доаѓа, се наведува во објавата на Фејбсук на АА.

Вечерва во седиштето на партијата во Тетово прес-конференција ќе одржи претседателот на Собранието на АА, Зијадин Села.

Претседателот на партијата Арбен Таравари синоќа објави дека АА ќе се приклучи на албанскиот опозициски фронт. Таравари доби поддршка од министерот за здравство Фатмир Меџити, а му се спротивставија поранешниот прв човек на партијата Зијадин Села, министерот за правда Кренар Лога и потпретседателката на АА Илире Даути. Тие го обвинија Таравари дека тој како поединец не може да одлучува за чекорите на партијата, туку партиските тела.

Би можело да ве интересира

Левица: Таравари не може да бега од одговорност за затворената Кардиохирургија

Меџити: Таравари се самоисклучи од Вреди, самостојниот настап со советнички листи е во корист на ДУИ

Таравари: Успешно извршена нова – петта трансплантација на црн дроб, трансплантирани бубрези и прва баријатриска интервенција на Клиника за дигестивна хирургија

Починатиот пациент бил примен на Кардиохирургија, лекарите одлучиле да не се оперира

Таравари: Алијансата за Албанците ќе оди со сопствени листи за локалните избори

Не преговараме со ДУИ, има две опции за изборите, едната е со Влен, втората е да настапиме сами, вели Таравари

Горан Наумовски