Таравари: Алијансата за Албанците на 11 март ќе ги претстави листите на пратеници

Од:

Алијансата за Албанците на Централно собрание на 11 март ќе ги претстави сите имиња од кандидатските листи за предвремените парламентарни избори. Едно е сигурно дека во „шестата изборна единица Зијадин Села ќе го победи Али Ахмети“, изјави денеска генералниот секретар и шеф на Централниот изборен штаб на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,  одговарајќи на новинарско прашање за финализирањето на листите на пратеници.

Таравари рече дека очекува да имаме фер и достоинствена кампања без навреди и уцени, како и без злоупотреба на власта.

-Се наоѓаме 38 дена пред изборите и досега имало многу случаи кога мнозинството граѓани не знаеле  дали се запишани во Избирачкиот список, речеТаравари и повика сите граѓани да пристапат на веб-страницата на Државната изборна комисија и да видат дали се регистрирани или не, за да не им остане тоа за денот на изборите.

– Исто така, со цел да им помогнеме на граѓаните ангажиравме три телефонски броеви. За сите кои имаат потреба од логистички услуги, во случај да не можат сами да се снајдат, тие броеви стојат на располагање за евентуална помош со цел да се избегнат можните проблеми, рече Таравари.

Според него, сите места во изборните едници, кои претходно и припаѓаа на Беса, сега  „под дифолт“ и припаѓаат на Алијансата за Албанците, откако Движењето Беса потпиша договор за коалиција со СДСМ. Нелогично е, вели, една коалиција да има двајца членови на избирачки одбор.

Тој информираше дека доставиле барање до ДИК во однос на пополнувањето на изборните комисии со партиски членови и оти се надеваат дека ќе добијат одговор денеска или утре.

–  Сега, по коалицијата СДСМ-БЕСА, знаеме дека членовите на изборните комисии се состојат од двајца членови на македонските политички партии и две од албанските партии. Албанските партии кои имаат членови на комисијата се ДУИ, а членовите што ги има Движењето БЕСА, се надевам, ќе и припаднат на албанската опозиција, а тоа е Алијансата за Албанците, па затоа го доставивме нашето барање до ДИК и се надевам дека ќе добиеме одговор денес или утре. Ние, исто така, ги информиравме членовите на ОБСЕ-ОДИХР така што чекаме официјално Алијанса за Албанците и Алтернатива, како дел од коалицијата да ги достават своите имиња до комисијата. Сите овие имиња ќе бидат доставени до општинските комисии, како и до ДИК, рече Таравари.

Во врска со коалициите, Таравари одговори дека за тоа прашање ќе зборуваат по бројките што ќе се случат по изборите.

– Според тоа кој ќе го добие мандатот ќе седнеме и ќе разговараме. Меѓутоа имаме одредени принципи. Ние сме единствената албанска партија што знаеше да и каже на власта „доволно е до тука, не можеме да толерираме“. Би седнале и би разговарале со тој што ќе го има мандатот и ако кореспондираат бројките. Ако не се спојуваат бројките, не прават повеќе од 61 пратеник, нормално дека нема ни логика да седнеме да зборуваме, изјави Таравари.

За да не се изгубат гласови, рече Таварари, и предложив на ДУИ да ги земат ДПА со себе, бидејќи имаат многу мал број гласови и се стара генерација на политичари. – Мислам дека би биле компатибилни и ќе имаат два изборни блока, и тоа новата генерација на политичари предводена од Алијансата за Албанците и старата генерација на политичари предводена од ДУИ, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Алијанса за Албанците: Директорот Мемеди призна дека продолжува да го загрозува здравјето на децата во клиниката

Алијанса за Албанците: Власта се обидува да го партизира Советот за медиуми преку партиски кадри

Горан Наумовски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Таравари: Има интерес за враќање на доктори од приватно во јавно здравство

Алијанса за Албанците: ДКСК да отвори постапка за Изет Меџити, ги злоупотребува државните канцеларии

Алијанса за Албанците: Власта се предаде, паднаа лагите, а саботажата на Коридорот 8 пропадна

Горан Наумовски