Талевски: ДПМНЕ не може ништо да реши, само лаже и создава хаос со личните документи

Од:

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ кое прави и создава проблеми, СДСМ ги решава проблемите и затоа денес ќе излезе со конкретен закон и конкретно решение за личните документи за граѓаните. ДПМНЕ се тие кои што ги лажат граѓаните, велејќи дека кога ќе дојдат на власт ќе го променат името и ќе го вратат старото име за да се реши проблемот на граѓаните, изјави пратеникот на СДСМ, Миле Талевски.

-ДПМНЕ сега да и каже на македонската јавноста како ќе го промени името, кое го споменува заради вадењето документи. ДПМНЕ се истите тие кои не ги гласаа своите министри, а сега излегуваат во јавност и кажуваа дека ќе го решиле проблемот со документите во државата. Нивниот технички министер даваше изјави дека ќе го решел проблемот на граѓаните кои сега чекаат. Денес ќе го решел проблемот, утре ќе го решел. Ајде решете го проблемот, наместо да се жалите и да ја замајувате јавноста и да создавате проблеми, рече пратеникот на СДСМ.

Техничкиот министер на ДПМНЕ, не само што не може да го реши проблемот, туку тој не може ништо да направи, потенцираше Талевски.

– Тоа се кадрите на ДПМНЕ и тоа се гледа точно и во општините со кој тие владеат две години. ДПМНЕ со нивните градоначалници да кажат барем еден проект кој што го решија, во нивните мандати. Една шајка немате ставено во општините каде што раководи ДПМНЕ, само лажете и секогаш некој друг им е крив, рече Талевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта на Мицкоски спроведува опасна партизација на АНБ и крши закон, Христовски да биде разрешен

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Талески: СДСМ обезбеди поголеми плати за војниците за 100 отсто, а на полицајците за 35 отсто

(ВИДЕО) Талевски: СДСМ гради за иднината, ИКТ центар во Прилеп за заштита на податоците на граѓаните