Талески: Граѓаните знаат, ВМРО-ДПМНЕ е злосторничко здружение, а Белиот дворец арамиско гнездо

Од:

ВМРО-ДПМНЕ е дефиниција за расипничко трошење на парите на граѓаните, а арамиското гнездо – Белиот дворец е изграден со злоупотреба на парите на граѓаните, порача пратеникот на СДСМ, Миле Талески на денешната собраниска седница.

„ВМРО-ДПМНЕ е партија која има 400 обвинети партиски функционери за кои се покренати обвиненија за сторен криминал и злоупотреба на службената положба за периодот кога биле на власт. Е така сте ги трошеле парите на граѓаните, за што постојат и околу 40ина признанија на функционери од ВМРО-ДПМНЕ. За сето тоа има пресуди со вкупно над 150 години затвор, исто така за функционери на ВМРО-ДПМНЕ“, порача Талески.

Талески истакна дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува а доказ за тоа е начинот на кој ја практикуваат локална власт.

„Во 80 отсто од општините ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Прво на што се сопнавте беше криминалот и корупцијата, со Данела Арсовска се скаравте за тендер, за тоа кој да земе провизии“, посочи Талески, додавајќи дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ воопшто не мислат на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции