Талат Џафери се сретна со делегација на грузискиот Парламент

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери денеска оствари средба со делегација од Парламентот на Грузија, предводена од заменик-претседателката на грузиското Собрание Тамар Чугошвили.

Џафери изрази задоволство од остварувањето на средбата и истакна дека пратениците, иако имаат недостаток од билатерални контакти, остваруваат поголема соработка во рамките на меѓународните парламентарни собранија, соопшти собраниската прес-служба.

Тој се осврна и за организирањето на Рос-Рот семинарот, што е семинар на Парламентарното собрание на НАТО, што е уште една прилика за меѓусебно среќавање на пратениците од двата парламенти.

Покрај тоа, претседателот Џафери истакна дека политичките односи помеѓу Македонија и Грузија, како и севкупната соработка, се на многу ниско ниво, меѓутоа искажа позитивна подготвеност за развивање на секаков вид на билатерална соработка со Грузија, односно повика на поголема соработка.

Џафери рече дека Македонија во изминатиот период е земја за пример за воспоставување добрососедски односи и потврда за тоа е интензивирањето на преговорите со Грција, и ратификацијата на Договорот за добрососедство со Бугарија.

Чугошвили, од своја страна, изрази големо задоволство за реализацијата на средбата и за посетата на Парламентарниот институт во Собранието на РМ и истакна дека ова е можност за делегациите да можат да разменат искуства и мислења.

Делегацијата од Грузија беше позитивно настроена во насока на воспоставување на секаков вид на соработка, и во рамките на двата Парламента и на други нивоа и области, се додава во соопштението.

Двајцата соговорници повикаа на интензивирање на соработката во иднина и упатија отворена покана до претседателот на Собранието на за учество на Самитот за отворено владино партнерство во Грузија. Ова ќе претставува и нов почеток заради фактот што Македонија и Грузија ќе започнат нова етапа врз која во иднина ќе се развива поинтензивна политичка и дипломатска соработка помеѓу двете земји, се додава во соопштението на собраниската прес-служба.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги