Талат Џафери на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија во Санкт Петербург

Од:

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, од денеска до 18 октомври ќе учествува на 137. Собрание на Интерпарламентарната унија (ИПУ), што ќе се одржи во Санкт Петербург, Руска Федерација.

Како што соопшти собраниската прес-служба, во придружба на претседателот на Парламентот Џафери, кој што е шеф на делегацијата, ќе бидат пратениците Јован Митрески, Реџаиљ Исмаили, Јулијана Николова и Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието на Република Македонија.

Претседателот на Собранието на Република Македонија ќе има свое обраќање на сесија на Собранието на ИПУ.

Пратениците ќе учествуваат во работата на комисиите на ИПУ кои ќе дискутираат за бројни прашања од нивната надлежност, меѓу кои: одржување на мирот како средство за постигнување на одржлив развој; вклучувањето на приватниот сектор во имплементацијата на целите за одржлив развој на ООН, особено во полето на обновливите енергии; 20-годишнината од Универзалната декларација за демократија на ИПУ; постигнување на највисоки стандарди во здравството преку науката и истражувањето и сл.

Се очекува на Собранието да биде избран нов претседател на Интерпарламентарната унија, кој ќе раководи со организацијата во наредните три години, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

За измените на Законот за јавни набавки поднесени 2.158 амандмани, ВМРО-ДПМНЕ бара бришење на членот оспорен од претседателката Сиљановска Давкова

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски