Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна клиника

Од:

Претседателот на Собранието, Талат Џафери е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје, неофицијално, поради тешки респираторни проблеми кои ги имал изминативе денови. Информацијата за „А1он“ ја потврди портпаролот на ДУИ, Артан Груби, кој кажа дека нема повеќе детали поради тоа што е отсутен од државата.

„А1он“ се обиде да исконтактира и со Бујар Османи, но и тој досега не даде одговор дали респираторните проблеми на Џафери се последица на коронавирус, иако неофицијалните информации велат дека тестот кој го направил тој е негативен.

Претходно, позитивен тест на коронавирус имаа министерот за образование, Арбер Адеми и министерот за економија, Крешник Бектеши, кои информацијата ја споделија на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Џафери: Избори кои ќе го одредат правецот на земјата

Катерина Ѓуровски

Ангелов: Џафери не може да ме разреши сам, средба со него во овој момент е излишна

Орце Костов

Џафери: Владата има обврска да спроведува закони, затоа ги усогласивме коефициентите за плата

Орце Костов

Џафери: Прописите се јасни за ограничувањата за функционерите при користење ресурси

Џафери за новите автомобили: Лизингот е поевтино решение, ако останат во Владата одржувањето ќе биде скапо

Орце Костов

Џафери: Законот е јасен дека треба да има врзан потпис