Тактичко-теренска вежба „Македонски блесок 9“ на „Криволак“ и „Пепелиште“

Од:

На Армискиот полигон „Криволак“ и Центарот за обука „Пепелиште“ од 14 до 18 октомври ќе се изведува воена тактичко-теренска вежба „Македонски блесок 9“, која ќе се одвива реално со боева муниција.

Целта на „Македонски блесок 9“, како продолжение на серијалот вежби, базирана на измислено сценарио за операции за одржување на мирот предводени од НАТО, а делегирани од страна на ОН, е демонстрација на достигнатиот степен на интероперабилност и да се обезбеди преглед на борбената готовност на декалрираните единици за употреба во НАТО-предводени операции.

Во вежбата, во која ќе партиципираат 1.700 учесници, информира потполковник Зоран Илов, директор на вежбата, во сценариото предвидени се 33 настани и 60 инциденти, со превземени максимални безбедносни мерки од можни евентуални ризици.

Во регионот, нагласи на денешниот брифинг генерал-мајор Методија Величковски, командант на Здружената оперативна команда, АРМ оваа година е единствена армија која за помалку од еден месец изведува две најкомплексни вежби и тоа со тактичка вежба со боево гаѓање на засилен пешадиски батаљон.

– Формирањето сили направени за конкретна задача, како исклучително сложена форма, е предизвик и за многу поголеми и посовремени армии и претставува врв на организација на една војска. АРМ успеа тоа да го направи двапати за помалку од еден месец и од премногу скромност не кажуваме што можат да направат нашите офицери.Од сите единици-гарнизони на АРМ без никакви подготовки се издава борбена заповед, се организираат тактички маршеви, единиците се собираат на „Криволак“ каде им се дава нова задача, кјоа  ја решаваат и тоа завршува со гаѓање, појасни генерал-мајор Величковски. Тој меѓу другото истакна дека на „Македонски блесок 9“ ќе има дополнително артилерија, тенкови и воздушна поддршка, а сето тоа поддржано со пешадија, за да се види како тој времен состав ќе реагира на таквите ризици.

Според него, АРМ е единствена и во регионот и во Еропа, која дошла досега до ниво на оценување на борбена батаљонска група.

Директорот на оценувачкиот тим потполковник Ѓоко Максимов, информира дека ќе се оценуваат подготовките и плановите, операциите, логистиката, врските и администрацијата.

– Во текот на вежбата ќе вршиме самооценување Ниво 2, на средната пешадиска батаљонска група. Истовремено на оваа вежба ќе се врши НАТО оценување Ниво 1, од страна на НАТО – тим од Здружената команда во Неапол, на полската болница рол 2, рече потполковник Максимов.

НАТО – тимот оценувачи се состои од 15 члена, од кои 13 претставници од земји-членки на НАТО и 3-ца од земјите-партнери.

Би можело да ве интересира

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната

Специјална комисија ќе го проверува договорот за организирана исхрана на припадниците во Армијата и МО

Модуларната болница кај Инфективната клиника во Скопје ќе ја користат Затвор Идризово или Министерство за одбрана