Тактичко-технички збор и одликувања за Денот на баталјонот на воената полиција

Од:

Баталјонот на воената полиција (бВП) од составот на Здружената оперативна команда (ЗОК), денеска со воена свеченост во касарната „Илинден“ – Скопје го одбележа денот на единицата во чии рамки беа доделени стимулативни мерки и унапредувања на припадници на единицата, а се одржа и тактичко- технички збор на кој беше изложено вооружување и опрема со која располага единицата.

Како што соопшти АРМ, командантот на ЗОК, бригаден генерал Зоран Милевски честитајќи им го Денот на единицата изрази уверување дека припадниците на оваа единица кои се носители на највисокото признание „Орден за воени заслуги“ и во иднина посветено, професионално и ефикасно ќе продолжат како цврст колектив да се соочуваат со сите современи предизвици.

Во своето обраќање командантот на единицата потполковник Васко Коколански истакна дека припадниците на овој баталјон со својата обученост, професионалност и чесно извршување на поставените задачи уште еднаш на дело го докажуваат мотото на единицата „Секогаш подготвени“.

Со учеството на многуте меѓународни вежби, воените полицајци покрај останатите придобивки имаа можност да ја прошират и изградат веќе воспоставената одлична соработка со 709 воено полициски баталјон на Армијата на САД во Европа чиј командант беше присутен на денешната свеченост.

Покрај командантот на ЗОК, на денешната свеченост присуствуваа и бригадните генерали Азим Нуредин, Мирче Ѓоргоски и Орце Јордев, претставници од МО и ГШ на АРМ, од МВР, команданти на единици на АРМ, поранешни команданти на бВП, и други организации со кои соработува единицата.

Со одлука на претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов, 29 октомври е одреден за Ден на баталјонот на воена полиција какое носител на традициите на денот кога 1878 година, во текот на Македонското (Кресненско) востание е издадена наредба за формирање на воено полициски началства на ослободената територија во Македонија, кои се првите формално воено полициски сили.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски