Таксистите до утре можат да се пријават за полагање англиски

Од:

Министерството за транспорт и врски информира дека утре е последен ден, односно завршува рокот за пријавување за полагање на испитот за странски јазик (англиски јазик) за сите авто такси возачи.

Пријавувањето на кандидатите се врши на електронска пошта [email protected] или во Архивата на Министерството за транспорт и врски. Покрај пријавата која ќе може да се најде на веб страната на Министерството за транспот и врски  www.mtc.gov.mk, кандидатите мора да приложат М1/М2 образец не постар од 60 дена и копија од лична карта.

Од Министерството апелираат сите авто такси возачи кои не поднеле пријава тоа да го сторат во текот на денешниот и утрешниот ден со цел да го запазат рокот.

Согласно Законот за патен сообраќај, како што се наведува во соопштението, сите авто такси возачи мора да поседуваат Сертификат за познавање основен степен на англиски јазик, кој Сертификат понатаму е еден од условите да се здобијат со лиценца за вршење на авто такси превоз и кој ќе биде задолжителен од 01.01.2017 година.

– Авто такси возачите нема да имаат никакви торшоци за полагање на овој испит, односно испитот е бесплатен. На конкурсот за полагање на испитот по англиски јазик може да се пријават само такси возачи вработени во лиценцирани авто такси компании, се наведува во соопштението.

Времето и местото на полагање на испитот дополнително ќе биде објевено на веб страната на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Пуштен сообраќајот за лесни возила на магистралата А3 кај Делчево

Ана Ололовска

Бочварски: Владата ќе помогне за санација на штетите од невремето во Делчево

Ана Ололовска

Се укинуваат дозволите за превоз на товар и патници меѓу Србија и Северна Македонија

Горан Наумовски

Саем за транспорт во комплексот „Борис Трајковски“

Ана Ололовска

Бочварски: Сите постапки ќе се реализираат со цел да се изградат коридорите на време

Ана Ололовска