Тачи: Владеењето на ДУИ и Ахмети се минато

Од:

Лидерот на ДПА и носител на листа во 6. Изборна единица Мендух Тачи вечерва на митинг во Дебар ја побара довербата од Албанците.

Според него, дел од новата влада ќе биде најголемата политичка сила на Албанците, ДПА, а владеењето на ДУИ ќе биде минато.

– ДПА е главната политичка сила на Албанците и тука нема никва дилема. Владеењето на ДУИ и Али Ахмети се минато, затоа потребно е заедно да се мобилизираме. Никој и ништо нема да не заплаши на 27 април да го дадеме гласот за ДПА и оние кои работеа против интерсот на Албанците да ги однесеме онаму каде што им е местото, рече Тачи.

Пред жителите на Дебар се обрати и носителот на кандидатската листа за 5. Изборна единица Зија Јонузи. Toj обвини дека Владата на ДУИ не инвестирала ниту денар во албанските подрачја. Доколку ја добијат довербата од граѓаните на 27 април, Јонузи рече дека нема да дозволат реализација на, како што ги нарече, двата антиалбански проекта, девијацијата на реката Радика и автопатот Охрид-Кичево, кој требало да биде Охрид-Ќафасан.

На вечерашниот митинг на ДПА во Дебар се обратија и Ардита Крчишта, професорка во дебарската гимназија и Шкелќим Сеља, лекар специјалист во Општата болница во Дебар, кои се на листите за пратеници.

Би можело да ве интересира

Трет ден кампања за Локалните избори 2025

Руското МВР тврди: Регистрирани се 10 обиди за терористички напади за време на локалните избори

Избори во Северна Рајна-Вестфалија: ЦДУ го задржува водството, АфД во силен пораст

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски