Тачи: Укинување на казните со амнестија

Од:

Сите мислат дека ДПА е изгорена, но таа се враќа посилна. На 28. април ќе престане лошиот филм за Албанците и од тој ден ќе почнат економски да јакнат, рече вчера лидерот на ДПА Мендух Тачи на митинг на плоштадот „Скендербег“ во скопската чаршија.

– ДПА сега се враќа посилна. Го барам секој ваш глас бидејќи само така на 28 април ќе престане зулумот врз Албанците од страна на ДУИ. По тој ден веќе ќе нема полициски акции организирани од ДУИ… Албанците кои ќе излезат на гласање на 27 април и ќе го дадат својот глас за ДПА, ќе гласаат за промени кои, пред се, ќе значат позитивни промени за нив, рече Тачи.

Лидерот на ДПА најави укинување казни со закон за амнестија.

– Албанците кои имаат казни и прекршочни пријави ќе бидат избавени преку Законот за амнестија. Амнестијата ќе важи и фискално за таксистите, чајџилниците, кафулињата, како и за сите големи и мали бизниси. Казните ќе им бидат избришани. Тоа постарите го знаат, бидејќи во 2002 година ДПА го донесе Законот за амнестија, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“