Тачи: Што направи ДУИ да го подобри животот на кумановци?

Од:

Лидерот на ДПА Мендух Тачи на вечерашниот митинг во Куманово го претстави кандидатот за градоначалник Халил Куртиши и ги повика кумановци да ја поддржат листата на советници.

Тачи пред учесниците на митингот вети дека со проектите што ќе ги спровеле ќе го стопирале трендот на барање азил од страна на Албанците од кумановско.

– По улиците на Липково и деловите во Куманово каде што живеат Албанците се гази кал, нема осветлување, вода и нема канализација… За сето ова е одговорна ДУИ. Зошто жителите од Куманово и Липково бараат азил? ДПА ќе го врати достоинството на Албанците и ќе ги вратиме работите на вистинско место, рече Тачи.

Кандидатот за градоначалник за општина Куманово Куртиши ги повика кумановци да гласаат на 24 март ветувајќи им подобар стандард.

Обвини дека со поддршка на гласовите на нивниот политички противкандодат ДУИ во Куманово не се инвестирало доволно во деловите каде што живее албанското население.

Ги повика кумановци да гласаат за ДПА, доколку сакаат, како што рече, 30 проценти од општинскиот буџет да се инвестира во инфраструктура и образование во деловите од општината каде што живее албанско население“.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“