Очекувам да имаме фер и демокртаски избори во мирна атмосфера, не како што беше пред две недели на претседателските избори кога имавме катастрофална атмосфера со закани и притисоци кон гласачите, изјави претседателот на ДПА Мендух Тачи, по гласањето на избирачкото место 1961/1 во Стара градинка – Тетово.
– Продолжува познатата состојба на вообичаените места, како Зајас Осломеј и Кичево, каде имаше обиди од нашиот политички опонент со групно и фамилијарно гласање да постигнат добар резултат, но ние засега успешно ги спречивме. Очекувам нова влада, нова надеж и добри работи за Мaкедонија, рече Тачи.