Тачи: Нема да ве изневериме

Од:

Претседателот на ДПА Мендух Тачи од жителите на селото Слатино, општина Теарце побара поддршка за локалните избори на 24 март порачувајќи им дека неговата партија има кадри и капацитет да ги реши проблемите на Албанците.

– Продолжете да ја подржувате Демократската партија на Албанците, а ние нема да ве изневериме. Затоа обединете се и вие и гласајте против политиката на Груевски и Ахмети. За разлика од нашите политички опоненти, ние сме решителни да го продолжиме патот по кој одиме и константно да им помагаме на Албанците, порача Тачи на митингот во Слатино.

Пред присутните на митингот зборуваше и кандидатот за градоначалник на општина Тераце од редовите на ДПА, Рухан Илјази.

– Морам да ви кажам, а сигурно и вие се согласувате со мене, дека сегашнава локална самоуправа под раководство на ДУИ многу лошо ја менаџира општината. Затоа ве повикувам да си помогнете на самите себе и да гласате за ДПА, за да можеме заедно да ги решиме проблемите и заедно да ја изградиме иднината на општина Теарце. Ќе се потрудиме да имаме ефикасна администрација и да ги подобриме состојбите во културата, спортот, инфраструктурата. Нашата визија е да работиме транспарентно во интерес на граѓаните, рече Илјази.

Во рамките на своите вечерашни предизборни активности ДПА уште еднаш го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Боговиње, Бурхани Изаири на митинг во селото Пирок.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија