Тачи на чаирчани им вети модерна општина

Од:

ДПА вечерва одржа митинг во скопската општина Чаир, на кој беше претставен кандидатот за градоначалник Мухамед Тачи.

Кандидатот за градоначалник Тачи на чаирчани им вети модерна општина.

Ќе победиме во Чаир, за да ја направиме општината помодерна и поурбана. Заедно ќе работиме на подобрување на економскиот статус и на животниот стандард на сите жители на Чаир. Иако економскиот развој е тежок, ние тоа ќе го решиме многу лесно. Ќе работам за сите граѓани во општина Чаир и победата ќе ја славиме како ослободување на Скопје бидејќи општината сака да се ослободи од сите оние кои го тероризираат населението, рече кандидатот за градоначалник на Чаир од ДПА.

Во обраќањето на митингот претседателот на партијата Мендух Тачи меѓу другото нагласи дека ДПА е во голема историска борба за, како што рече, чување на нашиот јазик, култура и идентитет.

Пред симпатизерите на ДПА вечерва во Чаир им се обратија и носителите на кандидатските листи за советници за Чаир, Бутел и Скопје.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“