Тачи: ДПА е партијата која ќе ги застапува Албанците

Од:

Работата е завршена. Демократската партија на Албанците ќе ги застапува правата на Албанците во иднина, истакна лидерот на ДПА Мендух Тачи и носител на листата за пратеници во шестата изборна единица на вчерашниот митинг на ДПА во Гостивар.

Дождот кој ноќва обилно врнеше во Гостивар го оневозможи нормалното одржување на митингот на градскиот плоштад со користење светло и озвучување. Лидерот на ДПА пред насобраните членови на партијата и симпатизери зборуваше кусо и повика на масовна излезност на претстојните избори.

– Ви благодарам што дојдовте и покрај невозможните услови и вечерва сте со нас. На 27 април да тргнеме сите заедно по патот кон слободота. Оние кои направија зулуми во Гостивар ќе го добијат соодветниот одговор. Ве замолувам уште еднаш да се ангажирате максимално на 27 април и јас од 28-ми ќе се ангажирам за вас, рече Тачи.

Би можело да ве интересира

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада