Таблите на граничните премини треба да бидат сменети во текот на денот

Од:

Таблите на граничните премини на кои е напишано името на државата се планира да бидат променети во текот на денот, најави директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски.

„Плaнираме сите да бидат променти денеска, со оглед на можностите на фирмите за одржување што треба да го направат тоа, а со кои Царинската управа има склучено договор. Јавниот настан ќе биде на граничниот премин Богородица, додека на другите гранични премини промените ќе бидат направени во текот на денот“, изјави Танасоски одговорајќи на новинарски прашања пред презентацијата на курсеви за електронско учење.

Тој појасни дека поради тоа што времето е кратко за спроведување тендерски постапки, а согласно заклучоците на Владата предвидено е таблите да бидат променети каде што е можно со налепници, а каде е можно со монтирање други табли, за да се исолни обврската во рок од три дена да бидат променети таблите на граничните премини со новото име Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Се криумчарат и импланти за гради

СДСМ: Нема пари за плати, ама има за двајца заменици директори во Царина

Катерина Ѓуровски

На скопскиот Аеродром запленети Ајфони вредни 1,8 милиони денари

Запленети 192 килограми анаболични стероиди вредни 5,5 милиони денари

Катерина Ѓуровски

Свечени фустани, автомобили, скутери, инвалидски колички, дел од заплените на царниците за една седмица

Во пантолоните и долната облека криел злато вредно 65 илјади евра, фатен шверцер на Богородица

Катерина Ѓуровски