Таблет компјутери за учениците на ЕВН паралелките во Скопје и Гостивар

Од:

ЕВН Македонија обезбеди таблет компјутери за учениците од специјализираните ЕВН паралелки за едукација и обука на електро монтери во Скопје и Гостивар, а со поддршка на Швајцарскиот проект “Образование за вработување Е4ЕМК”, овозможи пристап до онлајн платформата за учење „Канвас“.

Првите таблет компјутери денеска им беа врачени на учениците во СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје, а како што најави претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Штефан Петер, за неколку недели ќе им бидат доделени и на учениците од Гостивар.

Уште во 2017 година заедно со една општествено одговорна компанија како што е ЕВН Македонија тука започнавме да го имплементираме концептот на дуално образование, еден од најголемите реформски процеси кои се одвиваат во националниот образовен систем.

Петер посочи дека времето оди брзо и за само неколку месеци првиот клас од паралелката “20-20-20” ќе биде дел од ЕВН Македонија.

Во меѓувреме го надградивме нашиот образовен процес со тоа што покрај теорија применуваме и практично знаење.

Во 21. век учењето од испринтани книги повеќе не претставува некаков голем предизвик, туку дигиталното образование зема замав.

Затоа од оваа година почнавме да ја применуваме и дигиталната платформа „Канвас“ која е донирана од Швјацарската Конфедерација.

Знаеме дека и најдобриот софтвер не е ништо без хардверот и затоа ЕВН реши да им донира 100-тина таблет компјутери на учениците од училиштето „Михајло Пупин“ а за неколку недели тоа ќе го направи и во Средното техничко училиште во Гостивар, рече Петер.

Со тоа, како што кажа, наместо учениците да носат книги тешки неколку килограми ќе носат таблет компјутер тежок 300 грама.

Директорот на средното училиште „Михајло Пупин“ Димитар Ѓоргиев посочи дека со доделувањето таблет компјутери за учениците започнува нешто ново во државата и додаде дека се надева оти и останатите училишта ќе го следат нивниот пример.

Според него, токму тоа е вистинскиот пат за да се создадат млади професионалци за компаниите.

На крајот на оваа учебна година 20-тина ученици од СЕТУ „Михајло Пупин“ – Скопје од спцијалната паралелка на ЕВН ќе го завршат своето образоване и целосно обучени за работа на терен веднаш ќе бидат вработени во ЕВН Македонија каде ќе имаат почетна плата од 20.000 денари.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска