А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Та Неа: Вратата на ЕУ за Македонија е отворена, но под услови

by А1он09/12/2012 - 13:58178
Share0

Грција ќе каже „да“ за почеток на пристапни преговори на Македонија со ЕУ на самитот следната недела во Брисел, но под одредени услови, пишува грчкиот весник „Та Неа“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Овој пресврт е под интензивниот притисок кој во последно време Брисел го прави врз Атина, пишува весникот. И досега имаше предупредувања, но притисокот стана јасен кога еврокомесарот за проширување Штефан Филе претстави предлог за „нова преговарачка рамка“ која ќе и овозможи на Македонија да ги почне преговорите со Унијата, а прашањето за името да се реши во меѓувреме, јави дописникот на МИА.

Според „Та Неа“, предлогот на грчката страна во конечниот текст на резолуцијата, за која се уште се преговара и се очекува да биде финализирана на вечерата на европските лидери наредната недела, е во формулацијата со која Советот ќе ја повика Комисијата да ја презентира преговарачка рамка за Македонија „временски“ и „во поглед на почеток на пристапните преговори на Македонија“. Тоа во суштина значи дека Атина бара од Европската комисија да ја претстави прво рамката за преговори во која грчката страна бара решавање на прашањето за името и добрососедски односи, за Грција да се согласи да му даде зелено светло на Скопје, објаснува весникот.

Според дипломатски извори, за предлогот и поставените услови интензивно се преговара и ситуацијата е едноставна – „земи или остави“. Ова значи дека ако не се постигне договор, Атина ќе прибегне кон својата вообичаена тактика и ќе ги блокира пристапните преговори.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во секој случај, пишува „Та Неа“, дипломатски извори истакнуваат дека грчкиот предлог е важен чекор напред кој на Брисел му покажува дека грчката страна е подготвена да разговара. Ова е период во кој Атина не може да си дозволи да се судри со европските партнери и прашањето за името е нешто за што Германците, и не само тие, почнуваат да го губат трпението, нагласува грчкиот весник.

Портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас вчера ги демантираше медиумите во Атина дека Грција има намера да се сложи Македонија да ги почне пристапните преговори со ЕУ без претходно да се реши прашањето за името.

„Грчката позиција останува стабилна и конзистентна, дека за почеток на пристапните преговори, предуслов е исполнување на сите услови и критериуми утврдени со одлуките на ЕУ. Најважен од овие услови е почитување на соседите и следствено на тоа изнаоѓање на взаемно прифатливо решение за прашањето за името“, беше наведено во изјавата на Делавекурас.

eu

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Не можеме вечно да чекаме за членство во ЕУ

Горан Наумовски03/06/2026 - 08:25

Кошта: Усвојувањето на уставните измени останува единствен начин за почнување на пристапните преговори

Предраг Петровиќ02/06/2026 - 19:58

Кнајсл: ЕУ нема да може да се договори кој ќе преговара со Русија

Горан Наумовски31/05/2026 - 20:44

Кремљ ѝ порачува на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии

Горан Наумовски31/05/2026 - 17:08

Петрова: Бугарските услови остануваат дел од патот на Македонија кон ЕУ

Горан Наумовски30/05/2026 - 11:19

Русија го информира ОБСЕ дека Москва и Западот се блиску до воен конфликт

Горан Наумовски27/05/2026 - 20:5427/05/2026 - 20:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто