СЗО: „Подгответе се за унифицирано пакување!“

Од:

„Подгответе се за унифицирано пакување!“ е мотото на Светската задравствена организација и Рамковната конвенција на СЗО кои оваа година го одбележуваат Светскиот ден без тутун 31 мај.

Доктор Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје информира дека главните мерки за унифицирано пакување на тутунските производи се однесува на мерките кон ограничување или комплетна забрана на употреба на сите амблеми, бои, слики од брендот или промотивни информации кои не се имиња на брендови прикажани во стандардна боја или стандарден стил на фонтот.

– Упатствата од член 11 и 13 од Рамковната конвенција на СЗО за контрола на тутунот препорачуваат земјите кои ја имаат ратификувано Конвенцијата меѓу кои спаѓа и нашата држава, да размислат за воведување на унифицирано пакување, истакна Ќосевска.

Според неа интересот за унифицирано пакување од година во година расте.

– Во декемви 2012 Австралија стана првата држава која во целост го воведе унифицирањето, а во 2015 година Ирска Велика Британија и Северна Ирска и Франција донесоа закон за воведување на унифицирано пакување почнувајќи од мај оваа година, рече Ќосевска.

Појасни дека Рамковната конвенција од 2008 година предвидува шест мерки меѓу кои се мониторирање и употреба на тутунот и политиките за превенција, спроведување на забрани за рекламирање, промоција и спонзорства во врска со тутунот, покачување на даноците за тутун…

Презентирајќи ги податоците од резултатите од спроведени истражувања во Македонија, доктор Силвана Ончева  истакна дека од анкетирани  2.430 ученици од прва и втора годинаво 2015 година, 43,5 проценти од машките пушеле во животот, а 13,8 отсто пушеле во над 40 прилики, додека кај женските 33,5 проценти пушеле во животот, а 7,9 отсто пушеле во над 40 прилики.

Учениците најчесто првата цигара ја земаат на 15-годишна возраст што претставува 15 проценти, додека четири отсто првата цигара ја зеле на возраст под девет години.

Во Македонија во 10 Центри за јавно здравје има Советувалишта за откажување од пушење кои се достапни од август 2014 година.

Би можело да ве интересира

СЗО прогласи глобална вонредна состојба поради ширењето на вирусот мајмунска сипаница

СЗО: Подгответе се за „болеста Х“

СЗО не може да достави медицинска помош во Газа веќе 12 дена

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Зголемување на пневмониите во Кина, болниците полни со деца: Нема нови вируси соопшти СЗО

Катерина Ѓуровски

Шуга и жолтица се појавија во Газа

Катерина Ѓуровски

СЗО нема контакт со медицинскиот персонал во болницата Ал-Шифа