СВР Велес стартува со проектот „Заедно против насилството во училиштата“

Од:

Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи-Велес, а во рамки на проектот „Полицијата и граѓаните се дружат“ почна да го реализира проектот „Заедно против насилството во училиштата“.

Како што информира на денешната прес-конференција Ненко Александров, раководител на отсекот за превенција при СВР Велес, со проектот ќе се опфатат сите средни училишта од Велес, Кавадарци и Неготино.

Во наредниот период планирано е организирање на 40 трибини со учество на околу 3.000 ученици, односно преку врсничката едукација да се влијае врз подигнувањето на свеста кај средношколците и полесно да се надминат конфликтите и недоразбирањата помеѓу врсниците, со дијалог без насилство.

Според Александров, крајната цел на проектот е подобрување на однесувањето и нивото на безбедност кај учениците, подобрување на успехот, намалување на деликвентното однесување и зголемена соработка меѓу сите чинители со посебен акцент на односот родители-ученици и полицијата.

Покрај другите поволности проектот треба да придонесе и за подобрување на климата во однесувањето во целокупното општество и во подобрувањето на целокупната безбедностна состојба во општините каде што ќе се реализира.

На крајот од проектот  ќе се организираат и четири спортски турнири во кошарка и мал фудбал во машка и женска конкуренција со учество на 320 ученици.

Би можело да ве интересира

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Mртов 42-годишен маж е пронајден во помошни простории

Горан Наумовски

Велешките пожарникари извлекле мајка и дете од автомобил на поплавена улица

Во стан во Велес пронајден мртов маж

Дете со здравствени проблеми e истепано во Дневниот центар во Кавадарци

Мајка и ќерка се тешко повредени во сообраќајка на пругата кај Стар Мост во Велес

Горан Наумовски