А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

СВР Велес со нови насоки за расветлување на смртта на мајката и синот кои беа пронајдени мртви

by А1он29/04/2020 - 17:3329/04/2020 - 17:44375
Share0

Од обвинителот на Основното јавно обвинителство се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот со починатите мајка и син и припадниците на МВР постапуваат по нив, информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, на денешната прес-конференција.

Добивај вести на вибер

Тој потсети за настанот кога на 6 април во 10:30 часот во нивниот стан на улицата Ѓорѓи Војтех, поранешна „4 Јули“ во Велес мртви беа пронајдени мајка и син, а посмртно се утврди дека мајката починала од Ковид-19.

Додевски посочи дека 79-годишната сосетка Д.М., која живее во истата зграда на ул. Ѓорѓи Војтех, во Полициската станица во Велес пријавила дека од соседниот стан се шири непријатна миризба.

-Униформирани полициски службеници и припадници на ТППЕ Велес влегле во станот каде во една од просториите ги пронашле починати К.М.(78) и нејзиниот син В.М.(52). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на Основен јавен обвинител, телата се предадени на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.  Извршен бил увид на местото на настанот, при што, од соседите се добиени oперативни сознанија дека последен пат се видени во првата половина на месец јануари, посочи Додевски.

Тој појасни дека по наредба од јавен обвинител, екипа од Институтот за судска медицина извршила дополнителен увид на местото на настанот.

-Известени сме дека смртта кај лицата настапила пред три до пет недели од моментот кога се пронајдени. Имаме и известување од „Електродистрибуција“ Велес дека, на броило од нивниот стан последен пат е регистрирана потрошувачка на електрична енергија во месец јануари. Од обвинителот се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот и припадниците на Министерството за внатрешни работи постапуваат по нив, рече Додевски.

Да потсетиме, додаде, сето тоа се случува поради  различни информации и тврдења за тоа кога починале мајката и синот, дали три до пет недели пред да бидат најдени на 6 април или можеби порано, бидејќи последен пат од соседите биле видени во првата половина на јануари.

Сето тоа доведе до полемики и бранување во јавноста дали можеби мајката е прв случај на заразен со Ковид-19 многу порано пред да биде регистриран првиот заболен од Ковид-19 во земјава.

koronavirusveles

Би можело да ве интересира

Филипче од Велес: СДСМ имаше пет иницијативи за раст на платите, ВМРО-ДПМНЕ ги одби сите

Предраг Петровиќ04/10/2025 - 20:08

Велешанец ја следел девојката, ја навредувал и ја малтретирал, но и нанел и повреди

Горан Наумовски20/09/2025 - 15:2220/09/2025 - 15:38

ДОМ: Фемицидот во Велес е резултат на институционален колапс – бараме одговорност и системски промени

Горан Наумовски18/09/2025 - 12:40

Петровска: Секое непостапување во случајот Росица мора да биде казнето!

Горан Наумовски17/09/2025 - 18:57

СДСМ: Убиство во Велес поради негрижа на полицијата на Тошковски и институциите на ДПМНЕ, бараме одговорност

Катерина Ѓуровски16/09/2025 - 14:21

Изгоре автомобил на паркинг во Велес

Горан Наумовски06/08/2025 - 15:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен