СВР Тетово: Приведен човек кој сакал да прегази полицајци

Од:

Тетовската полиција информира дека вчера бил приведен 20-годишник кој се обидел да прегази полицајци. Младиот човек прво одбил да се легитимира, а потоа и го стартувал возилото.

– Околу 21:50 часот, на улица „Михајло Рајчевиќ“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 20-годишниот тетовец А.М., кој дваесетина минути пред тоа одбил да се легитимира и се однесувал агресивно кон нив на улица „Борис Кидрич“. Таму бил паркиран со неговото патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки. Во еден момент тој го стартувал возилото и се обидел да ги прегази полициските службеници. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Би можело да ве интересира

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал

Уапсена лихварка: дала 2.700 евра, барала да и вратат 15.000

Катерина Ѓуровски

Нема крај на измамите: на старец од Битола му зеле 10 илјади евра со приказна за повредена внука

Метален профил усмрти градежен работник од Велес