СВР Штип реши повеќе кривични дела-кражби

Од:

СВР Штип по претходно преземени мерки и активности деновиве расветли повеќе кривични дела од кои: четири кривични дела „кражба“ извршени во Штип од автобуси, од кои е одземена нафта, од стан е одземен мобилен телефон и  катализатор од патничко моторно возило, две кривични дела „тешка кражба“ од кои една е извршена од товарно моторно возило при што сторителот се обидел од резервоарот да источи и одземе нафта, но тој од страна на полициски службеници е фатен на лице место  и една тешка кражба од куќа од каде е одземен мобилен телефон и пари.

МВР денеска соопшти дека е расветлено и едно кривично дело тешка кражба на дрзок начин при што сторителот од вратот на оштетената и  скинал и одзел златно ланче и  две кривични дела одземање на моторно возило.

Од страна на СВР Штип откриени и фатени се шест лица на возраст од 17-40 години и поради постоење на основано дека тие се сторители на горенаведените кривични дела по целосно комплетирање и документирање на настаните ќе бидат поднесени  соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он