Свлечиште на патот кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“

Од:

Повторно се активираше свлечиште на локалниот пат кон манастирот „Св.Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Свлечиштето е на старата траса на патниот правец, на околу 100-150 метри од објектите на манастирскиот комплекс.

Од општина Крива Паланка информираат дека се работи за свлечиште од поголеми размери кое го отежнува нормалното одвивање на сообраќајот.

– Преземаме активности на критичниот дел за да се овозможи неопходно одвивање на сообраќајот, но во моментов не е можно целосно санирање на свлечиштето поради големиот обем и неповолните временски услови. Критичното место е соодветно означено и сообраќајот се одвива на стеснет дел од коловозот, посочуваат од општината.

Апелираат граѓаните да не ја отстрануваат или оштетуваат поставената сообраќајна сигнализација и да бидат осебено внимателни при движење на тој дел од патот.

Се препорачува до санација на свлечиштето за сообраќај да се користи новоизградениот патен правец до манастирот т.н. Руски пат.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска