Свлечишта и одрони на патиштата во источна Македонија

Од:

Ново свлечиште се појави на регионалниот пат Крупиште-Пробиштип кај селото Неокази. Техничкиот директор на јавното претпријатие „Македонија пат“, Кире Коцев изјави дека екипите работат на санирање на свлечиштето, а сообраќајот се одвива во отежнати услови по една коловозна лента.

– На терен сме заедно со инспекторот за патишта. Имаме решение да го пресечеме патот во должина од 50 метри во текот на утрешниот ден и да се издаде забрана за сообраќај во рок од три дена. Ќе се направи дренажа и верувам дека во рок од три дена ќе биде пуштен патот за сообраќај, истакна Коцев.

Тој додаде дека жителите на Пробиштип како алтернативен пат ќе го користат патот што минува кај селото Ратавица за да стигнат до Штип или кон градовите на крајниот исток.

Коцев посочи дека треба внимателно да се вози и по магистралниот пат кон граничниот премин кај Делчево, бидејќи на потегот од виничкото село Истибања до Македонска Каменица поради постојаните врнежи од дожд во изминатите 20 часа се појавуваат одрони од камења на коловозот и помали свлечишта, но екипите на Македонија пат се на терен и постоајно го чистат патот.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска