• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Свилановиќ: Регионот не е извозник на нестабилност кон Европа, но е транзитна зона

by А1он03/10/2018 - 14:5672
Share0

На овие простори ние не сме извозник на нестабилност кон Европа, но сме транзитна зона, и кога е во прашање шверц на наркотици, на оружје и радикализација. Поради тоа сакаме да придонесеме во вкупната стабилизација и во зголемувањето на нивото на безбедност низ европскиот простор, но со потополно јасна дефиниција дека проблемите не потекнуваат од тука. Имаме сериозна обврска да ги спречиме тие транзитни процеси и поради тоа сакаме да оствариме и подобра национална координација и регионална соработка во оваа област.

Добивај вести на вибер

Ова денеска го изјави Горан Свилановиќ, генерален секретар на Советот за регионална соработка со седиште во Сараево, БиХ. Свилановиќ заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обратија на регионалниот семинар на тема „Превенција/борба против насилен екстремизам“ во организација на Регионалниот совет за соработка и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Свилановиќ рече дека идејата е да се овозможи координација на национално ниво на различни институции – министерства за внатрешни работи, за правда, Управата за извршување санкции, како и други делови од Владата ангажирани за безбедноста.

– Сакаме да се договориме како на национално ниво да се врши координација, како регионално да соработуваме, рече Свилановиќ, додавајќи дека е многу важно да се работи со локалните заедници.

Тој посочи дека овој семинар е наменет за експертите и целта е тие утре да бидат во состојба да се ангажираат, секој во својата заедница и секој во својата држава. Притоа да знаат кои им се партнери од другата страна на границата, кои можат да им помогант во решавање на проблемите.

Најави дека утре ќе биде во Тирана каде што ќе има собир на министрите за внатрешни работи и на министрите за правда од регионот, а домаќин ќе биде европскиот комесар Аврамопулос кој ќе ги соопшти новите елементи од Акцискиот план што го подготвила ЕК за како да ни се помогне и како да се соработува со ЕУ. Ова, како што рече, е проблем што ги надминува нашите граници и ние сме само дел од мапата на широк европски простор.

– Овој Акциски план има неколку елементи. Првиот е дека радикализацијата на сајбер-простор е суштински најголема опасност во овој момент. Сите се ангажираат на тоа материјалот кој е радикализиран да се отстрани од интернет и да се оневозможи негово повторно поставување на интернет, рече Свилановиќ.

Најави дека за ова ќе зборуваат во наредните денови, како и за подготовките како во регионот да се примени овој Акциски план на ЕК.

Свилановиќ изјави дека Советот за регионална соработка подготвил студија за радикализација на сајбер-просторот, чии елементи денеска првпат ќе се претстават пред јавноста.

– Ние со оваа студија сакаме да постигнеме уште една работа, малку да ја намалиме политичката употреба и злоупотреба кога се зборува за радикализација, рече Свилановиќ.

mvr

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Катерина Ѓуровски29/01/2026 - 08:51

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Горан Наумовски27/01/2026 - 16:49

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Горан Наумовски26/01/2026 - 10:23

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски26/01/2026 - 09:4426/01/2026 - 10:06

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 13:59

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он20/01/2026 - 15:3820/01/2026 - 15:38
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен