Свикан итен состанок на кризниот штаб на Град Скопје: Пријавени триесетина паднати дрвја и бандери

Од:

Кратка но поројна бура со ветрови од над 80 километри на час претпладнево го зафати Скопје и предизвика бројни штети врз јавниот и приватниот имот и зеленило.

До Градот Скопје пријавени се над 30 паднати дрвја врз улици и тротоари, бандери и електрични кабли, а некои од нив причиниле и позначајна штета врз автомобили и друг приватен имот.

Сите јавни претпријатија, Противпожарната бригада и сообраќајната полиција со сиот свој човечки потенцијал се на скопските улици во заеднички напори да се отстранат проблемите во најбрзо време.

Во моментов екипите на Градскиот штаб за заштита и спасување приоритетно работат на расчистување на булеварите и градските улици, а потоа се продолжува со помалите општински улици. Се очекува поголемите проблеми да бидат отстранети во текот на денешниот ден.

Град Скопје ги повикува граѓаните на трпение и помош на јавните претпријатија за отстранување на проблемите во градот.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош