Свидетелства повторно нема, ќе добијат само учениците со итна потреба кои ќе се селат во странство

Од:

Закажаните термини за делење на свидетелства на основците и средношколците се откажани. И оваа година, Бирото за развој на образованието нема набавено доволно за сите ученици. Дописот од директорот на Бирото, Зеќирија Хасипи го примија директорите на училиштата и постапуваат по него. Свидетелства со оценки добија само учениците кои мораат да се запишат во средно образование или на факултет. Останатите, според дописот, ќе чекаат до август.

„Имајќи во предвид сите услови во кои се одвиваше наставата и оваа учебна година, Ве информираме дека доделувањето на свидетелствата на учениците и оваа учебна година треба да го планирате до крајот на учебната година (месец август)“, стои во дописот од Бирото за развој на образованието.

Како минатата, така и оваа година, Бирото за развој на образованието свидетелства ќе дели само на учениците кои мораат под итно да го поседуваат овој документ.

„Се разбира, свидетелства за учениците на кои им се потребни за упис во средно, односно високо образование се веќе доделени, а исто така, ќе бидат обезбедени и за учениците кои имаат итна потреба од свидетелство поради преселба или продолжувањето на школувањето во странство“, се додава во дописот.

Од институцијата надлежна да обезбеди и испрати свидетелства за учениците до училиштата не гледаат проблем што ќе се доцни со доставата. Тие се повикуваат законите за основно и средно образование каде е наведено дека учебната година трае до 31 август. Па така, тие сметаат дека немаат обврска свидетелствата да ги поделат сега.

„А1он“ побара став од Министерството за образование и наука зошто и оваа година не се навремено обезбедени свидетелства и дали некој ќе понесе одговорност, но до овој момент нема одговор. Минатата година, со исти изговор односно „поради условите“, свидетелствата се делеа два месеци подоцна од праксата, на почеток од новата учебна година. Никој не сноси одговорност за пропустот што навреме не беа набавени.

Би можело да ве интересира

Директор на училиште во Велес добил снимка со сексуална содржина меѓу професор и ученичка

Ландов

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

Генијот Македон од државата доби само слика со министерот, родителите сами ќе го платат неговото образование

Орце Костов

УНЕСКО: Околу 244 милиони деца не одат на училиште

А1он

Шаќири: Учебната години ја стартуваме поподготвени

(ВИДЕО) Стевананџија: Инвестициите на Министерството за образование во прилепските училишта на историски највисоко ниво