• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Светскиот ден на хемофилија одбележан во Куманово – Се бараат подобри здравствени услови

by А1он17/04/2018 - 16:05134
Share0

Да се овозможат подобри здравствени услови е пораката која ја упатија членовите на здружението Хемофил, денеска од градскиот плоштад од Куманово, по повод Светскиот ден за борба против хемофилија.

Добивај вести на вибер

Од Здружението на граѓани „Хемовил“ истакнаа дека во Македонија се регистирани 315 лица со хемофилија а и б, од нив 50 возрасни и 10-ина деца со тешка форма, кои секојдневно се соочуваат со низа потешкотии и проблеми. Оттаму велат дека по десет години откако е воведена програмата за фактор и коагулација на годишно ниво количната за овие лица е шест милиони единици и е недоволна.

– И Куманово се соочува со истиот проблем односно овие пет лица кои требуваат фактор. Се снабдуваме дека оваа година Министерството за здравство, институциите ќе го слушнат нашиот глас, ќе ги зголемат количините, затоа што тоа ни е гарант за квалитетен живот да не се криеме, да сме рамноправни со остантите граѓани, изјави Ирена Ѓурчиновска, претседател на здружение „Хемовил“.

Членовите на Здружението денеска оствариле средба и со директорката на општата болница Куманово Снежана Захариева, која им ветила дека ќе се заложи за подобрување на условите во болницата за оваа целна група.
– Имам хемофилија од тешка форма. Првпат ми е регистрирана на девет месечна возраст и постојано имам проблеми со крварењата тие најчесто се застапени во зглобовите така што имам проблеми со движењето. Не бев соодветно лекуван, да имаше лек, немаше да е вака. Се надеваме дека во идинина ќе има подобри услови, изјави Јанчо Ѓоргески, заболен од хемофилија.

Се проценува дека во светот од хемофилија боледуваат 400 илјади луѓе, а 25 проценти немаат адекватно лекување.

kumanovo

Би можело да ве интересира

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски20/01/2026 - 09:5420/01/2026 - 11:19

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Горан Наумовски15/01/2026 - 16:14

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он12/01/2026 - 15:5912/01/2026 - 15:57

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски11/01/2026 - 14:1311/01/2026 - 14:21

Силен ветер откорна парче лим од покрив на зграда во Куманово

А1он28/12/2025 - 12:4228/12/2025 - 12:43

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски26/12/2025 - 15:3626/12/2025 - 17:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен