Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи

Од:

По повод Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни несреќи – 18-ти ноември министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска ќе учествува на панел советувањето посветено на „Ефикасноста на системот за интервенции по сообраќајна несреќа, персперспективи и функционалност на системот 112“.

На настанот ќе се обрати и Никола Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој е организатор на настанот.

Најавено е учество на претставници на министерствата за здравство и за внатрешни работи, на Итната медицинска помош, на Центарот за управување со кризи, на Противпожарната бригада на Град Скопје.

Предвидено е да биде презентирана видеоснимка од симулациска вежба на сообраќајна несреќа со поголем број повредени и лица со изгореници на регионалниот пат Прилеп-Битола, кај Тополчани, како и видеоклипови за поидигање на јавната свест за брза помош, полиција и противпожарно возило во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски