„Светот на Биби” во новата градинка во Општина Аеродром

Од:

Градинката има важна улога во процесот за социјализација и едукација на најмладите. Среќни сме што дечињата од нашата општина ќе бидат сместени во модерни објекти, а секојдневно времето ќе го минуваат во простории и атмосфера креирана од нивниот омилен македонски бренд „Светот на Биби”, велат од Општина Аеродром.

Пред пуштање во употреба, новата детска градинка „Црвенкапа” лоцирана во Стар Аеродром добива нов и уникатен изглед во внатрешноста.

Таа е изградена со капацитет за згрижување на над 200 деца и на површина од 1700м2, со осум занимални и најсовремени услови за згрижување на најмладите.

Општина Аеродром вложува во нови капацитети за децата, кои ќе бидат место каде најмладите сакаат да го поминуваат денот. И понатаму инвестираме во изградба на нови објекти со што ќе ја оствариме нашата цел да нема повеќе чекања за упис во ваков тип на јавна установа, се вели во соопштението на Општината.

Би можело да ве интересира

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Протест пред „Љубен Лапе“ во Аеродром, се бара решение за небезбедната крстосница до училиштето

Катерина Ѓуровски

Аеродром, Гостивар и Сарај со В.Д. градоначалници до следните избори, помина Законот за локална самоуправа

Општина Аеродром: Град Скопје и ЈСП го оставија Долно Лисиче без градски превоз

Се нормализира состојбата во Аеродром по вчерашното невреме

Дејан Митески е новиот заменик-градоначалник на Општина Аеродром