Свештениците вршат водосвет во домовите на граѓаните во Пијанец

Од:

Во духот на христијанската традиција во Делчево со посета на домовите на семејствата, свештениците при црквата Успение на Пресвета Богородица го започнаа велигденскиот водосвет. Оваа пракса, како што истакнува протоереј Александар Васев се прави се до Велигденските празници.

-По започнувањето на Велигденските пости во нашиот крај, обичај е да се посетуваат православните домови на граѓаните. Водосветот се врши со светење вода со спомнување на имињата на членовите на семејствата за здравје во домовите. Освен тоа ова е период во кој во првите пет недели од постот, односно секој петок во првите пет седмици се одржува и посебна служба наречена Акатист на Пресвета Богородица, вели Васев.

За време на овие служби, додава делчевскиот протоереј, се врши и петтолебие.

-За петтолебието христијаните подготвуваат пет лепчиња со квасец, но без зејтин, исто така и шише вино, при што на ливче ги запишуваат имињата на семејството и тој чин на средината во црквата се извршува овој чин, додава Васев.

Во периодот на Велигденските пости како што велат од црквата Успение на Пресвета Богородица, освен богослужбите во недела и за празници, богослужби ќе се служат и во среда и петок. Велигденскиот пост трае 40 дена од Прочка до Велигден до кога ќе трае и водосветот во домовите на граѓаните.

Би можело да ве интересира

Mаж од Делчево ја претепал сопругата

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски